DS Smith му помогна на Flattered да направи поеколошка амабалажа

Flattered е шведско претпријатие за продажба на чевли на мало кое е специјализирано за класични рамни чевли направени од најквалитетни материјали. Новите чевли направени од органска кожа обоена со помош на зеленчук од Tärnsjö Garveri претставуваат нова пречка за одржливоста и соодветната амбалажа. Тие им се обратија на експертите од DS Smith за да направат амбалажа која дава пример за вредностите на брендот Flattered.

Бидејќи Flattered работи преку интернет и преку трговци на мало на меѓународно ниво, амбалажата требаше да биде идеална за двете ситуации.

Предизвик:  стилска и еколошка амбалажа

Да се развие еколошка амбалажа со чист и класичен стил според кој е познато претпријатието Flattered. Перформансите требаше да се калибрираат за пазарот на е-трговија, но и да работат ефикасно во продавниците.

Пристап: предизвикување на заклучоците

Клиентот прво побара традиционална амбалажа за чевли со горен и долен дел. Нашиот центар PackRight Centre во Järfälla, Шведска мислеше дека такви уникатни чевли заслужуваат уникатна амбалажа. Тие предложија алтернативно решение кое што се состоеше од фиока и навлака со разлистано лого. На Flattered им се допадна идејата! Решението за амбалажа беше направено со специјално избран квалитет на картон со цел да се добие најпривлечна површина за разлистаното лого на горниот дел и да се создаде органско чувство.

Резултат:

  • Уникатна амбалажа која ги одразува вредностите на брендот
  • Идеално приспособено за е-трговија
  • Исклучителни еколошки карактеристики благодарение на високата содржина рециклирани влакна и можност за целосно рециклирање на амбалажата