DS Smith ја води промоцијата на храната за миленици на Butcher
Butcher’s Pet Care ги здружи силите со DS Smith да вклучи бонови за исплата во постоечките кутии за широка потрошувачка со што ќе се поттикне ангажманот на брендот и продажбата кај љубителите на миленици.
За време на техничка работилница на самото место, Butcher му постави предизвик на DS Smith да вметне промотивна активност на економски исплатлив начин во нивниот постоечки висококвалитетен пакет од брановидна амбалажа со 12 кутии како поддршка за продажната и промотивната стратегија.
DS Smith претстави голем број опции, вклучувајќи ефекти со лак, фолија за блокирање и кодирање по случаен избор. Меѓутоа, по заедничкото размислување, најдоброто решение беше претходно печатен слој со висока резолуција (HD) на веќе постоечката печатена кутија со литографија со што му се нуди на купувачот бон за исплата од 1 фунта.
Добиената кутија поттикнува повторно купување на висококвалитетен производ и поддржува лојалност и ангажираност кон брендот – клучни стратегии за семејната компанија Butcher.
Компанијата ја основал Грахам Бејкер во 1987 година и сè уште го води бизнисот, а фирмата произведува пакувана храна со природни состојки за кучиња и мачиња. Во неа се вработени повеќе од 200 лица во седиштето во Крик во Нортамптоншир, а Butcher верува дека нивните производи зборуваат сами за себе и затоа сака и амбалажата да го прави истото.
Тони Фостер, директор на продажба и маркетинг во одделението за амбалажа на DS Smith во ОК, кажа: „Промотивната кутија на Butcher е одличен пример за придобивката која тече кога клиентите и снабдувачите работат заедно на дизајнот на амбалажата, па затоа сакаме да пречекуваме клиенти во нашите простории. Создавањето на оваа висококвалитетна кутија и вметнувањето бон за исплата ги дополнува вредностите на Butcher како семејна компанија и создава лојалност кај потрошувачите. Користејќи го DS Smith како поддршка за промотивните активности на брендот навистина им помага на клиентите да ги преместат производите од рафтовите во купувачката кошница.“
Сара Александер, раководител на маркетинг во Butchers, вели: „DS Smith имаа централна улога во развојот на оваа промотивна идеја. Сакавме да го зголемиме ангажманот на брендот, но да не го жртвуваме семејното наследство. Преку заеднички консултации, DS Smith ја одржа токму вистинската рамнотежа. Ова решение веќе даде повисоки резултати отколку кога било дотогаш - стапки на откуп >35% наспроти пазарните норми <1,5%, а сега го следиме ова да за го процениме влијанието на долгорочните тенденции за лојалност. Исто така, обратно печатениот купон ни овозможи да создадеме живост за купувачот и да го заштитиме брендот од ризик од погрешни исплати, што често се гледа такви вметнати купони и беше голем проблем. Колаборативниот приста на ds smith соодветствува на начинот на кој работиме и е убаво да се види како овој метод има директно влијание врз продажбата.“>1,5%,>