Dr Organic прима третман од DS Smith
Одделението за амбалажа на DS Smith им помогна на Dr Organic да создадат нова низа од амбалажа за поддршка на нивната малопродажна понуда.
Брендот за природна грижа на кожата Dr Organic користи само најдобри природни и органски суровини во составот на производите и разви лојална база на клиенти од започнувањето во 2009 година.
Како бренд изграден врз заложба на фирмата за првокласни состојки и етички практики, Dr Organic сакаше да се увери дека и амбалажата за малопродажба ќе ги одрази овие вредности.
Побара помош од одделението за амбалажа на DS Smith да направи брановидна амбалажа која ќе го испорачува искуството на брендот до домот на клиентите, а во исто време производите внатре да бидат добро заштитени и да пристигнат безбедно.
Ентони Дејвис, креативен директор во Dr Organic, рече: „Секогаш клиентите ни се на прво место, а тоа го вклучува и фактот да се увериме дека клиентите уживаат кога ќе ги примат производите дома. На DS Smith им поставивме тешка задача со голем број важни практични барања, како и потреба за ефикасно прикажување на вредностите од нашиот бренд.“
Стручните дизајнери од DS Smith имаа блиска соработка со Dr Organic за да направат голем број кутии што ќе можат да го држат производот цврсто во центарот создавајќи мал празен простор околу кутијата за заштита при транспорт.
Ентони додаде: „Кутиите се склопуваат брзо, а безбедносната леплива лента овозможува брзо пакување со што се добива безбедност и доказ за расипување. Исто така, лентата за брзо отворање дава позитивно искуство за клиентите при прием на производот и овозможува лесен процес на враќање ако клиентот треба да испрати некои производи назад.
„Се наоѓаме на конкурентен пазар и од пресудно значење е можноста за брзо пакување и намалување на непотребните трошоци поради неефикасни процеси или расипана стока. Навистина мислиме дека имаме решение кое ги елиминира ризиците и максимално ја зголемува продажбата.“
Кутиите се печатат и внатре и надвор, а со тоа се дополнува брендот.
Тони Фостер, директор на маркетинг и продажба во одделението за пакување на DS Smith во ОК, кажа: „Купувачите сè повеќе бараат удобност со тоа што порачуваат производи преку интернет и имаат очекувања дека нивните производи ќе биде доставена евтино, навремено и без оштетување или дефект. Со бренд кој е заснован на квалитет и потекло, очекувањата се уште повисоки.
„Иако се променија навиките за купување, оќта на брендот е силна како и досега и клиентите сè уште сакаат да уживаат во искуството на купување на толку очекуваниот производ – било да се зема од продавница или да се испорачува до дома. Успешното пренесување на вредностите на брендот во домовите низ целата земја е апсолутно пресудно за која било стратегија за електронска продажба.
„Брановидната амбалажа може целосно да се рециклира и како таква е совршен избор за Dr Organic. Неговите клиенти се јасно еколошки настроени и ќе ја разберат вредноста на користењето целосно рециклирачка амбалажа.“