top image danish crown.png

Како една данска компанија беше крунисана за најголемата одржливост преку кратење на 290 тони емисии на CO2 годишно

Danish Crown е глобална компанија за обработка на месо и една меѓу најголемите во тоа поле. Таа поседува сеопфатна стратегија за одговорност кон животната средина, којашто вклучува бројни цели со коишто се помага во намалувањето на севкупното влијание на компанијата врз животната средина. Како дел од тоа, Danish Crown и DS Smith заеднички започнаа проект за развој на едно оптимално решение за амбалажа, со цел да се намалат вкупните емисии на CO2.

Предизвикот

Danish Crown испраќа и прима стотици пелети дневно испорачувани од камиони коишто секојдневно сообраќаат по патиштата. Постигнувањето на оптимална амбалажа со која ќе се намали бројот на сообраќања по патиштата беше една златна прилика за намалување на јаглеродните отпечатоци. Во DS Smith мошне сме свесни за потенцијалот на намалување на влијанието по животната средина во секоја фаза од синџирот на снабдување, без да се компримитира квалитетот и функционалноста на амбалажата.

Нашиот пристап

Преку ревидирање на целиот синџир на снабдување на Danish Crown, како и изборот на амбалажи, DS Smith увиде голем потенцијал за оптималност. Преку долгорочен дијалог со Danish Crown, беа направени и голем број различни тестови, а компаниите заеднички дојдоа до решение. Решението се состоеше главно од преминување од B-брановидни коругирани во R-брановидни картони за капакот што се лепи во 4 точки, којшто се употребува за повеќето амбалажи.

R-брановидниот коругиран картон ја намалува количината на материјалот во амбалажата бидејќи е приближно 27% потенок од B-брановидниот картон, без да се компримитира капацитетот за носење и издржливоста во однос на потребите на Danish Crown. Помалата количина материјал на амбалажата ги намалува емисиите на CO2 од Danish Crown, додека се намалува и бројот на пелети. На тој начин се постигна win-win ситуација, бидејќи се намали бројот на камионите што сообраќаат и се намали притисокот при патувањето. Освен тоа, исто така се намалија и трошоците за магацинот, работата и испораката благодарение на оптималноста. Ова е јасен пример за тоа како намалувањето на емисиите на CO2 оди рака под рака со намалувањето на трошоците.

Резултати

- Намалени емисии на CO2 за 290 тони благодарение на помалата потрошувачка на хартија и помалку камиони на патиштата

- 25% намалени трошоци за магацинот, работата и испораката, при што е намален и бројот на пелети при внатрешната и надворешната логистика

Искуство кај потрошувачите

Цитат од Danish Crown