chti-beer-top-image.png

Пиварницата Кастлен се преместува во Франција

Семејниот бизнис се здружува со DS Smith за да му даде на пивото нов изглед.

Често се вели дека недостигот на сонце во Северна Франција се надоместува со топлината на нејзиниот народ. Идејата е примерот со споделување на CH’TI пивото (CH’TI, bière de Garde) од пиварницата Кастлен. За да го прослави својот 90-ти роденден, пиварницата Кастлен сакаше да го развие својот асортиман на производи кон премиум сегментот и својата доверба му ја даде на DS Smith за да развие нова амбалажа.

Предизвик:

да се приспособи амбалажата на добро познатиот и саканиот бренд за да биде во тек со времето и да му се помогне на бизнисот да оди кон пивскиот премиум сегмент.

Нашиот пристап:

започнавме да развиваме нова амбалажа инспирирани од новото лого на пиварницата Кастлен, кое е кружно, модерно и со поголемо влијание. Никола Кастлен (Nicolas Castelain), првиот човек на пиварницата, сакаше пакети да одговараат буквално и фигуративно на неговите производи, кои се произведуваат на традиционален начин со семејно знаење и умеење.

Нашите стратези за амбалажа развија две различни амбалажи, за 6 шишиња од 750 ml и 12 шишиња од 330 ml. Пресудно беше двата предлога да бидат со офсет печатење или претходно отпечатени во висока резолуција во зависност од потребите на пиварницата Кастлен. Исто така, развивме и излог за продажно место за да ја зголемиме продажбата во продавниците со пренесување на брендот и неговата првокласна вредност на потрошувачите.

Резултати:

  • Поголема продажба благодарение на допадливата и уникатна амбалажа која му помага на CH’TI, bière de Garde да се издвои од другите.
  • Пониски трошоци со флексибилност да се произведува амбалажа со офсет печатење или претходно отпечатена во висока резолуција во зависност од тоа што одговара повеќе.
  • Поголема свест за брендот со првокласен излог за продажно место во продавницата