Логистиката за E-bike вози со врвна опрема
Riese & Müller прават исклучителни електрични велосипеди и им треба висококвалитетна амбалажа за да ги испорачаат своите производи безбедно и сигурно на пазарот. Подолу има скратена верзија од еден неодамнешен напис во VerpackungsRundschau за тоа како DS Smith се осврна на нивниот целосен циклус на набавка за да развие сосема нова амбалажа која е подобра за заштита и подобра за клиентите.
Предизвик
Да се замени амбалажата од Riese & Müller за која беше потребно многу време за склопување, за која се користеа метални стеги што предивикуваа преголема бучава во фабриката, се користеа некои нерециклирачки материјали и беше потребен нож за да се отвори, што последователно може да доведе до повреди или оштетувања на велосипедот.
Нашиот пристап
Ние започнавме гледајќи го целиот циклус на набавки во кој амбалажата треба да функционира и систематски развивме подобрувања во секоја поединечна фаза со што Riese & Müller доби амбалажа која беше исто толку иновативна, висококвалитетна и ефикасна како и нивните велосипеди.
Резултат
- Намалени трошоци и намалена сложеност на амбалажата
- Намалено време за пакување
- Зголемена заштита на првокласен производ
- Новиот процес на пакување значи и посреќни работници
- Намалена можност од повреда при отпакувањето
- Амбалажата и атрибутите на брендот се подобро усогласени
DS Smith е горд на соработката со своите клиенти затоа што ги разбира целосно нивните процеси, потреби и поединечните барања за нивните производи. Само така можеме да ги оствариме овие извонредни резултати и да генерираме вистинска вредност за клиентот со транспортна амбалажа оптимизирана во однос на трошоците и процесот.