Штандовите на DS Smith помагаат да се подобри продажбата на кафето KRÜGER

Кратките моменти на опуштање со добро кафе, чај или какао е вистинско уживање за луѓето. KRÜGER, лидерот на европскиот пазар во областа на инстант производи, сакаше да ја искористи оваа проникливост за нивните штандови во продавниците.

Предизвик

Да развиеме приспособлив штанд кој ќе може лесно да го поставува продажниот персонал и, што е најважно, ќе придонесува за зголемување на продажбата на промотивните производи.

Нашиот пристап

Да развиеме елаборат и дизајн за привлечен штанд со ѕиден постер со слика од часовник за оптимално ниво на внимание и видливост од далеку. Со цел да земеме учество во придружната кампања што ја развиваат клиентите на KRÜGER,  едноставно моравме да ги отстраниме купоните за часовник од амбалажата за кампањата, да собереме вкупно „60 минути“ и да ги испратиме во KRÜGER со картичка за учество. Конкуренцијата и пристапната презентација на стоката овозможува зголемен број на импулсивни и едноставни купувања.

Резултати

  • Зголемена продажба на промотивните производи.
  • Извонредна едноставност, бидејќи конструкцијата за продажно место може брзо да ја среди продажниот персонал.
  • Рентабилност затоа што штандот може да се приспособи за користење на низа производи од KRÜGER – (KRÜGER Family, KRÜGER Trinkschokolade & Schokotasse и KRÜGER chai latte) и ја ограничува потребата од други штандови.
  • Флексибилност за вршење промоции на продажното место во текот на целата година.
  • Поставеноста на отворената конструкција на продажното место со испакната надградба овозможува широк поглед од далечина на целиот опсег на производи и бесплатен пристап до инстант специјалитетите.
  • Може да се проширува во должина за различни пазари (Chep-палети од 4x¼, 6x¼ или 8x¼) и е погодна за сите големини на продавници.
  • Конзистентност на брендот во текот на целата промоција со помош на оцртани часовници на штандот од продажното место и постер

 

Изгледот и формата на штандот и помагањето на клиентите во однос на конкуренцијата овозожуваат зголемено внимание, а со тоа и подобра продажба на производите. Најпосле, кој не сака да излезе и да ужива надвор, а истовремено да освои некоја награда?