Иновацијата и мајката природа споени во уникатна амбалажа од Veuve Clicquot

Veuve Clicquot има репутација како производител на шампањ од светска класа, но и по грижата за животната средина. Таа репутација е уште повеќе заслужена по најновата иновативна соработка со DS Smith.

Предизвик

Да создадеме што е можно поеколошки одговорна амбалажа вклучувајќи ги отпадните производи од процесот на правење шампањ.

Нашиот пристап

Три години истражување и развој во соработка со Veuve Clicquot и со производителот на хартија Favini за да се создаде елегантен пакет од хартија направен од мешавина од остатоци од грозје и природни влакна.

Резултат

  • Нов, 100% биоразградлив и рециклирачки картон
  • Зачувани 5,2 тони природни влакна поради користењето остатоци од грозје од процесот на производство на Veuve Clicquot како природни пигменти за да се добие уникатна хартија.
  • Постојана еколошка свест затоа што печатењето на картонот се врши со мастило без растворувач и со лак, а залепената лепенка е врз база на шеќерна трска.

Добиената амбалажа, позната како Naturally Clicquot, е моќен пример на соработката помеѓу DS Smith и Veuve Clicquot затоа што продолжуваме да ги поместуваме границите на квалитет и еколошка свест.