Грижа за кралските краби
Norway King Crabs SA пренесува неколку тони кралски краби на пазари на различни дстинации во целиот свет – од Кореа на исток до Сан Франциско на запад. За да се зачуваат во најдобра состојба, мора да се намали нивниот стрес, а тоа значи дека температурата треба да биде ниска. Но пренесувањето живи производи низ целиот свет на мраз не е лесно.
Предизвик
Амбалажата што се користи за транспорт на крабите не само што треба да држи доволно мраз или замрзнати пакети со гел за да се одржуваат крабите на ниска температура, туку мора и да ја задржи својата форма за да не се смачкаат крабите, а истовремено да се приспособува за неколку сантиметри во зависност од големината на крабата. Конечно, мора и да му помогне на Norway King Crab AS да го исполни своето ветување за еколошко однесување.
Нашиот пристап
Нашата 100% водоотпорна амбалажа DryPack овозможи најдобро решение. Абалажата е хартиена и може лесно да се приспособи на големината на крабите.
Во споредба со стандардните кутии од стиропор, амбалажата сега е повисока два сантиметра во просек. Крабите имаат повеќе простор, што е особено важно за големите краби. „Дополнителниот простор значи дека внатре може да ставиме повеќе гел за замрзнување и со тоа повеќе свежина за крабите,“ вели Свејн Руд, генерален директор на Norway King Crabs. „Кога ги ладиме, тие имаат помалку стрес. Срцевиот ритам им се намалува.“
За да се ужива во вкусот при јадењето, крабите се транспортираат живи од море па сè резервоарите со вода во рестораните. За да се зачуваат во најдобра состојба, мора да се намали нивниот стрес, а тоа значи дека температурата треба да биде ниска. Но пренесувањето живи производи низ целиот свет на мраз не е лесно…
Резултати
- Флексибилната амбалажа DryPack ѝ помогна на компанијата да го зголеми капацитетот за транспорт за 20%, а со тоа значително се намалија трошоците за авионски превоз.
- Трошкот за транспортна амбалажа до Северна Норвешка се намали за 90%
- Намалена смртност од 10% на пониска од 4%
- Големината лесно се оптимизира за да се намали стресот и да се зголеми свежината на секоја краба.
- Уникатниот дизајн го држи мразот или пакетите со гел безбедно на своето место со што се задоволуваат 100% критериумите за водоотпорност при авионски превоз.
- Висококвалитетното печатење со флексографија го отсликува високиот квалитет на брендот Norway King Crab и овозможува опции како што е кампања со QR-код
- Фрлањето е поевтино и поеколошко отколку претходното решение од стиропор.