Пакување што може да се следи: бидете спокојни со тоа што ќе ја следите својата амбалажа
Сте потрошиле милиони евра и години развој на вашите производи, подобрување на маркетингот, развојни односи со логистички претпријатија, дистрибутери и малопродавачи – по сето тоа инвестирање, нема ли смисла да не знаете каде се наоѓа вашиот производ во секое време?
Пакување што може да се следи, развиено од страна на Tecnicarton, експерти за индустриска амбалажа од повеќе материјали, ви овозможува да ја следите амбалажата, полна или празна, од мобилниот телефон или од компјутерот.
Технологијата нуди голем број информации за рационализација на синџирот на набавки, дистрибуцијата на производите, складиштата и повеќе. Со помош на ГПС-технологија, може да видите каде се сместени контејнерите, колку долго се таму, па дури и колку се на број.
Пакувањето што може да се следи е идеално за решавање на непријатните проблеми во врска со повратната амбалажа. Моментално е скоро невозможно да се следи повратната амбалажа во целиот синџир на набавки, бидејќи постојано се преместуваат во различни складишта, кај различни клиенти, логистички платформи, внатрешни снабдувачи... и во многу случаи се губат некаде по патот. Со пакувањето што може да се следи, менаџерите сега можат да одговорат на основни прашања во еден ефикасен синџир на набавки: Каде ми се контејнерите? Колку имам уште достапни на секоја точка? Ова помага да се избегнат тесните грла што можат да ја нарушат достапноста на производот и да се избегне непотребно купување амабалажа.
Нашите ИКТ експерти работат една година за да развијат нов софтвер кој ќе им помогне на менаџерите за логистика да одговорат на тие основни прашања. Оттогаш продолжија со подобрување и развој на апликација која ви овозможува да ги следите сите контејнери со кодирана радиофреквенција преку мали етикети, да ги лоцирате контејнерите преку мобилен ГПС и да ги пренесете сите отчитувања во заедничка база на податоци во која може да пристапи секој корисник во реално време преку веб.
Оваа алатка е иновативно решение за логистичкиот сектор затоа што му овозможува да ги следи сите невратени или изгубени контејнери од целата планета. Исто така, ова е совршен пример за видот на иновација по која сме познати. Засега, пакувањето што може да се следи е достапно само во Шпанија и во Португалија.